полуматура | ж.

Завршен дел од основното образование.

полуматурант | м.

Ученик во завршната година од основното образование. Полматурантите славеа.

полумерка | ж.

Делумна, половична мерка. Тие применуваа некои измислени полумерки.

полумесечен | прид.

Што се однесува на време од половина месец. Полумесечен додаток. Полумесечна работа.

полумесечина | ж.

Делот од Месечината што се гледа кога не е полна, неполна месечина.

полумесечник | м.

Периодично списание што излегува на половина месец.

полумрак | м.

Нецелосен мрак, состојба на слаба видливост. Просторијата ја исполни полумрак. Во полумракот ја здогледа девојката.

полумрачен | прид.

Што е во полумрак. Полумрачна одаја. Полумрачен поглед. Полумрачни времиња.

полумртов | прид.

Што е близу до смртта, што дава знаци на живот. Го најдоа полумртов.

полунаводници | и.

Правописен знак од две запирки ('...') за одделување збор или израз во текст што е во наводници или за означување на толкувањето на значењето на даден збор.