полунезависен | прид.
Што е до определен степен, делумно независен. Полунезависна положба. Полунезависна држава.
полуобразован | прид.
Недоволно, слабо образован. Полуобразовани луѓе.
полуосветлен | прид.
Недоволно, слабо осветлен. Полуосветлени улици.
полуостров | м.
Дел од копно опкружен со вода од три страни. Балкански Полуостров. Апенински Полуостров.
полуотворен | прид.
Донекаде, делумно отворен, подотворен. Полуотворена врата. Полуотворени очи.
полуофицијален | прид.
Што нема строго официјален карактер, што не е официјално потврден. Полуофицијален извештај. Полуофицијален брак. Полуофицијална средба.
полупамучен | прид.
Памучен со други примеси, не чисто памучен. Полупамучни блузи. Полупамучна ткаенина.
полупи | св.
Лупи малку, кратко време.
полуписмен | прид.
Недоволно, слабо писмен. Полуписмена старица.
полупијан | прид.
Што е до некоја мера под дејство на алкохол. Полупијани сватови. Полупијан младоженец.