полупка | ж.
Поклопка, капак. Ова грне има полупка.
полуполн | прид.
Што е до некоја мера полн. Полуполна маса. Полуполна чаша.
полупразен | прид.
Што собира уште, што е донекаде исполнет, што има слободни места. Полупразни чаши. Полупразна соба. Полупразна сала.
полупречник | м.
Во геометријата, половина од пречник; радиус.
полупроизвод | м.
Производ добиен од основна суровина, кој служи како суровина за изработка на финален производ. Цената на полупроизводите на пазарот расте.
полуреален | прид.
Полувистинит.
полусамостоен | прид.
Донекаде, нецелосно, до определен степен самостоен. Полусамостојно семејство. Полусамостоен ученик. Полусамостојна работа. Полусамостојни владетели.
полусвесен | прид.
До определен степен, донекаде, делумно свесен. Полусвесна состојба. Полусвесна реакција.
полусвест | ж.
Состојба на неполна свест. Таа беше во полусвест.
полусвет | м.
Средина на луѓе со сомнителен морал (свет на криминал, наркоманија, проституција).