полусветлина | ж.

Недоволна, слаба, нецелосна светлина. Очите бргу му се навикнаа на полусветлината.

полусвилен | прид.

Свилен со други примеси, не чисто свилен. Полусвилена ткаенина. Полусвилен фустан.

полуселанец | м.

Човек со потекло од село, што работи и живее во град, но не се откажува од селото. Си остана тој полуселанец.

полусенка | ж.

Недоволно, слабо осветлено место. Седеше во полусенката од куќата.

полусестра | ж.

Сестра крвно поврзана преку еден од родителите. Полусестра по татко.

полуслеп | прид.

Што е со ослабен вид, што гледа на едно око. Тој беше полуслеп.

полуслужбен | прид.

Што не е потврден од службени извори; Полуслужбени разговори. Полуслужбена посета.

полусон | м.

Состојба блиска на сон. Таа прозборе во полусон. Сè беше како во некој полусон. Паѓаше во полусон.

полуспроводник | м.

Материјал, тело што во некој степен спроведува струја, топлина и сл.

полусуров | прид.

Што е донекаде во сурова состојба, недоволно сув, варен, печен. Полусурови јајца. Полусурова состојба.