помодрен | прид.
Што станал модар, најчесто од студ, удар и сл. Помодрени усни. Помодрено око.
помодри | св.
Стане модар. Прстот му помодре и почна да гнои. Алиштата помодреа од слабиот детергент.
поможе | св.
помоли | св.
Упати молба до некого; замоли. Го помоли брата си да му даде пари.
помолчи | св.
Молчи некое време. Двајцата помолчеа некое време, па пак продолжија да се договараат.
помоми | св.
Направи девојче да стане мома, да се однесува како мома.
помор | м.
Масовно умирање на луѓе или пцовисување, уништување на животни поради болест, труење или глад. Помор на рибите во реката. Помор на цели села поради чума. Помор на добитокот.
поморец | м.
Морнар.
помори | св.
Направи помор, масовно погуби.
поморие | ср.
Област покрај море