поморница | ж.

Чума.

поморски | прид.

Што е во врска со пловење по море. Поморски сообраќај. Поморска школа. Поморска битка. Поморско право.

помоча | св.

Натопи со мочка, измоча. Ги помочал гаќите.

помош | ж.

Морална, финансиска, материјална и друг вид поддршка или кој и да е вид помагање во некаква незгода. Морална помош. Финансиска помош. Материјална помош. Парична помош. Прва помош. Помош во храна и лекови.

помошен | прид.

Што служи за укажување помош; дополнителен, додаден, спореден. Помошна служба. Помошен персонал. Помошно седиште. Помошна просторија.

помошник | м.

Лице што помага некому или во нешто; помагач. Тој имаше двајца помошници. Аптекарски помошник.

помпа 1 | ж.

Раскош, блесок, екстравагантност како надворешен ефект. Гостите влегуваа во салата со голема помпа.

помпа | несв.