помисла | ж.

Мисла, намера, желба. Далеку е од помислата дека тоа ќе се реши. И самата помисла на тоа му создаваше нервоза.

помисли | св.

Се задржи со мислите на нешто; падне на ум некаква мисла, сеќавање. Тој помисли да се врати назад во своето родно место. Таа помисли на мајка си, што ли прави сега сама дома.

помија | ж.

Нечиста вода во која е миено нешто мрсно, течни отпадоци од храна. Им истури помија на свињите.

помијарник | м.

Место каде што се мијат садови.

помни | несв.

помножи | св.

Изврши множење на броеви.

помогне | св.

Укаже помош некому. Шивачката ѝ помогна на девојката да го облече фустанот. Тој им помогнал на затворениците да побегнат од затворот. Тој помогна во зголемувањето на производството.

помодар | м.

Лице што ги следи најновите модни трендови и ги применува на самиот себе.

помодарство | ср.

Појава на претерано следење на модата, на модните случувања.

помоден | прид.

Што е по последна мода. Помоден правец во музиката. Помодни трендови.