понапати се | св.
Се напати во некоја мера.
понапие се | св.
понапои | св.
Напои некого во некоја мера. Откако го понапои и понајаде, започна да го прашува.
понапокрие | св.
Напокрие уште малку.
понаполни | св.
Наполни во некоја мера. Бидејќи веќе и годинки понаполни и снагата ~ набуја.
понаполу | прил.
По половина, наполу. Сѐ ќе делиме понаполу, ако сакаш.
понапомни | св.
Напомни, потсети некого. Уште еднаш му понапомни дека мора да дојде.
понапраши | св.
Напраши нешто во некоја мера.
понапред | прил.
Со просторно значење – компаратив од напред. Излезе понапред и со неколку чекори слезе до врбите.
понапредне | св.
Се придвижи малку, делумно напред; отиде малку нанапред. Едната група понапредна и тој побрза да ја стигне.