понапрежен | прид.

Компаратив од напрежен.

понаприкаже се | св.

Се наприкаже во некоја или во поголема мера, доволно. Дури откако ги заспаа децата, можеа слободно да се понаприкажат.

понапрска | св.

Напрска, испрска нешто во мала или во поголема мера. Тој си го понапрска лицето со вода.

понапрчи | св.

Напрчи (усни и др.) уште малку, донекаде. Ги понапрчи усните спремна да заплаче.

понапудри | св.

Напудри уште малку, донекаде.

понапушти | св.

Напушти постепено, исчезне нешто малку по малку. Така, малку по малку ја понапушти стравот.

понарадува се | св.

Се нарадува, се развесели во мала мера, донекаде. Таа му се понарадува на подарокот.

понараси | св.

Нараси, напраши во мала мера, донекаде.