понарасне | св.

Нарасне малку, донекаде. Постепено нивниот број понарасна.

понареди | св.

Нареди, доведе нешто малку, донекаде во определен ред; намести. Кога ќе имаш време, позачисти, поспастри и понареди за кога ќе дојдам да биде сѐ во ред.

понарипа се | св.

Се нарипа во некоја, во доволна мера.

понароди се | св.

Стане народен. Некои туѓи зборови добиле широка распространетост во сферата на разговорниот јазик и се понародиле.

понарони | св.

Нарони, изрони зрна (пченка и сл.) во некоја мера.

понароси | св.

Нароси нешто во некоја мера, донекаде. Дождот само ги понароси нивјето.

понаруши | св.

Наруши малку, донекаде. Неговото доаѓање како да го понаруши редот.

понасади | св.

Насади во мала или во поголема мера. Оваа година понасади и малку компири.

понасамо | прил.

понасаска | св.

Насаска некого уште повеќе.