понасевер | прил.

Малку посеверно.

понасее | св.

Насее во мала или во поголема мера.

понасекира | св.

Насекира некого малку, донекаде.

понасече | св.

Насече во некоја мера, донекаде; насече доволно. Откако понасече дрва, селанецот го товари магарето.

понасити | св.

Насити малку, донекаде.

понаскита се | св.

Се наскита во определен степен или доволно.

понаскока се | св.

Се наскока во мала или во поголема мера, доволно.

понасладува се | несв.

Се насладува малку, уште малку, доволно. Застана да им се понасладува на убавините.