понасобере се | св.

Се насобере уште повеќе.

понасоли | св.

Насоли, посоли уште малку, донекаде. Салатата треба да се понасоли.

понаспие се | св.

Се наспие уште малку, доволно. Вечерта остана дома да се понаспие.

понасреде | прил.

Поблиску до средина. Понасреде во дворот има големо дрво.

понасрка се | св.

Се насрка доволно или во поголема мера.

понасрчи | св.

Насрчи, охрабри малку некого.

понастане | св.

Порасне, понарасне; Децата ~ понастанаа.

понастаса | св.

Настаса, созрее, порасне. Децата му понастасаа за женачка.

понастигне | св.

Достаса, достигне некого или нешто; понастаса_2

понастрана | прил.

Компаратив од настрана. На стотина метри понастрана од патот имаше неколку карпи.