понастрани | св.
Наведне, накриви малку настрана. Ја потпре лопатата и ја понастрани на ѕидот.
понастрви се | св.
Се настрви во некоја мера.
понаструже | св.
Наструже во некоја мера.
понатажи | св.
Натажи, нажали малку некого.
понатака | прил.
За другото понатака лесна работа. Што се случи понатака, не знам.
понатамошен | прид.
Што се надоврзува на нешто, што произлегува од нешто, следен, иден. Тие разговараа за понатамошниот тек на процесот. Понатамошната логична цел за македонистите беше создавањето на одделен македонски литературен јазик.
понатаму | прил.
Компаратив од натаму.
понатежне | св.
Натежне малку, во некоја мера. По некое време му се стори дека товарот понатежна.
понатисне | св.
Натисне, пригмечи малку, донекаде. Вратата му го понатисна прстот.
понатовари | св.
Натовари уште малку. Ја понатовари колата со багаж.