понатокми | св.

Натокми, потсуреди, дотера малку, донекаде. Пред да пристигнат гостите, таа ја понатокми собата.

понатопли | св.

Натопли, стопли, згрее уште малку. Вечерта го понатопли грбот крај огнот.

понаточи 1 | св.

Налее, тури, наполни уште малку сад за течност. Понаточи уште малку вино.

понаточи 2 | св.

Наточи, наостри нож и сл. уште малку.

понатрие | св.

Натрие уште малку, донекаде.

понатроши | св.

Натроши, надроби уште малку, донекаде.

понацеди | св.

Нацеди малку или уште малку, доволно.

понацепи | св.

Нацепи дрва малку или уште малку, доволно.

понацица | св.

Нацица уште малку, доволно. Жената го понацица детето.