понацрви | св.
Нацрви малку, донекаде.
понацрни | св.
Нацрни малку, донекаде.
поначешла | св.
Начешла, исчешла малку, донекаде. Ги поначешла кркмите.
поначука | св.
Начука во некоја мера (ореви и др.);
понаша се | несв.
Се двоуми, се мисли. Не нашај се, понашај се, еј млада невесто.
понашари | св.
Нашари малку или уште малку, доволно.
понаѕре | св.
Наѕре малку, донекаде. Преку оградата се понаѕре мала колиба.
понајаде се | св.
Се најаде во мала или во поголема, доволна мера. Поседе една две недели, се понајаде, се понапи ракиичка и винце.
понајакне | св.
Најакне малку, донекаде или во поголема, доволна мера.
понајуг | прил.
Малку појужно. Понајуг од селото се наоѓа една воденица.