пондила | ж.

Штала во селска куќа, обично поголема просторија во која живее семејството со ограден, изделен дел за добитокот обично во долниот дел. Од пондилата се слушна фрчење на коњот.

поне- | претс.

Како прв составен дел од несвршени глаголи со значење – не толку, не во толкава мера како порано или како некој друг, помалку, во помала мера: понеболи, понегледа, понегреши, понејаде, понелаже, понеможе, понеоди, понепие, понеработи, понеразбира, понесака, понеспие, понетежи и др.

понегде | прил.

На некои места, не насекаде, овде-онде. Само крај патот и понегде по полето се црнеат меѓите

понеделник | м.

Денот по недела, пред вторник.

понедостига | несв.

Почне постепено, малку по малку да недостига. Почуствува дека му понедостига сила во отечените нозе.

понекаде | прил.

На некои места, не насекаде, овде-онде; понегде. Понекаде снегот веќе беше стопен.

понекогаш | прил.

Некојпат, не секогаш, повремено. Високо на планините снегот се задржува понекогаш и во мај. Понекогаш сакаше да рече нешто, што било

понекој | зам.

Не секој, некој меѓу повеќето. Понекој ќе го загледаше зачудено, но само ќе подигнеше раменици.

понекојпат | прил.

Понекогаш, повремено, одвреме-навреме. Понекојпат знаеше да дојде кај нас и да нѐ изненади.