понема | св.

безлич. Нема нешто за покусо време. Ќе понема, ќе понема и туку гледаш одеднаш пак ќе се појави.

понеможе | несв.

Не може како порано. Живее подалеку и сега понеможе да доаѓа толку често.

понервира | св.

Нервира некого кратко, извесно време.

понесе | св.

Тргне носејќи нешто со себе; земе за раце или подигне нешто и тргне во определен правец. Ќе понесеше јадење и цел ден остануваше во својата нива. Тој им набројуваше кои работи да ги понесат. Тој го фати под мишка и го понесе. Го крена детето заспано и го понесе дома.

понесеност | ж.

Состојба на тој што е понесен, обземен;

пони | ср.

Раса низок, мал шкотски коњ.

пониже | св.

Ниже малку; ниже кратко време. Понижи малку од тутунов.

понижение | ср.

Навредување на достоинството, гордоста; Нема да трпиме пониженија.

пониженост | ж.

Состојба, чувство на тој што е понижен. Мислеше само на својата пониженост.

понижи | св.

Навреди, повреди нечие достоинство, гордост. Што и да прави, нема да го понижи и уништи човечкото во себе.