поодбере | св.
Одбере, избере. Таа му рече да и поодбере од најубавите јагоди.
поодвикне | св.
Одвикне некого, одучи малку, донекаде.
поодврзе | св.
Одврзе малку, донекаде.
поодврти | св.
Одврти малку, донекаде;
поодгрне | св.
Открие малку.
пооддалечи се | св.
Движејќи се отиде малку подалеку, се оддалечи на определно растојание. Тој беше се пооддалечил повеќе од стотина метри.
поодделно | прил.
Посебно, одделно од другите, одделно за секого; поединечно. Треба со секого пооделно да разговарам пред состанокот. Сѐ друго ни е познато на сите, на секого од нас пооделно, и на сите заедно.
пооди | св.
Оди малку, некое време; оди Малку поодија и ги забележаа и другите селани.
поодлепи | св.
Одлепи малку, во некоја мера. Внимателно ја поодлепи марката на писмото.
поодмени | св.
Одмени, замени малку во работата. Дојде ќерката и ја поодмени во месењето.