поодминат | глаг. прид.

Што е во позрели години. Поодмината возраст. Поодминати години.

поодмине | св.

Отиде малку подалеку, се оддалечи на определно растојание; пооддалечи Тој седнал да отпочине, додека неговите другари поодминале.

поодмори | св.

Одмори некого, нешто малку, некое време. Застанаа да ги поодморат коњите.

поодолжи | св.

Одолжи нешто повеќе од предвиденото. Тие сакаа да ја поодолжат работата и затоа не се јавуваа.

поодрасне | св.

Одрасне малку; попорасне, поизрасне. Децата му поодраснаа и тие ја преземаа работата во дуќанот. Кога поодрасте, замина на школување во друг град.

поодучи | св.

Одучи, одвикне малку, донекаде.

поожедни | св.

Ожедни малку, донекаде. По извесно време тој поожедни.

пооживи | св.

(прен.) Стане донекаде пожив, подобар. Со новиот мебел во светли бои просторот пооживе.

поожнее | св.

Ожнее, ожние малку, донекаде. Ја поожнеавме пченицата.

пооздравее | св.

Оздрави малку, донекаде. Утредента раната му пооздраве.