поокопити се | св.

Се окопити малку, донекаде.

поокоси | св.

Окоси малку, донекаде. Тој го поокоси дворот од трева.

поокуражи | св.

Окуражи, охрабри малку, донекаде. Постигнатите резултати го поокуражија да продолжи.

поолабави | св.

Направи да стане нешто малку полабаво; олабави Тој ги поолабави јажињата.

поолади | св.

Олади, истине малку, до некој степен. Ја остави супата да поолади.

пооладни | св.

За чувство – се смали, ослабне малку. По тој разговор нивните односи пооладнија.

поолесни | св.

Олесни малку, донекаде. Неговата помош му ја поолесни работата.

поомака | св.

Омака, омаца, извалка малку. Детето го поомаца ракавот во јадењето.

поомрси се | св.

Се омрси малку, донекаде.

поопадне | св.

За лисје, цут, коса и сл. – опадне малку; опадне Од ветрот лисјата поопаднале.