поослободи | св.

Ослободи донекаде некого или нешто од оној или од она што врзува, држи, притиска и сл.; ослободи 2. Кога ги поослободи рацете од тешкиот товар, му олесна.

поосмели се | св.

Се осмели малку, донекаде. Едвај се поосмели да ја погледне.

поосмисли | св.

Осмисли донекаде, даде малку смисла на нешто. Тој не знае да си го поосмисли слободното време.

поосоли | св.

Осоли малку или уште малку. Стави масло во салатата и ја поосоли. Јадењево не е солено, треба да се поосоли.

поостари | св.

За човек – стане постар. Кога поостаре, слухот му ослабна.

поостри | св.

Остри малку, некое време. Ја поостри секирата и започна да цепи дрва.

поостриже | св.

Остриже малку или уште малку. Таа му советуваше дека е подобро да ја поостриже косата.

поотече | св.

Отече малку. Од ударот ногата му поотече.

пооткове | св.

Откове во некоја мера. Мајсторот ја пооткова штицата.