пооткочи | св.
Откочи нешто уште малку, донекаде.
пооткрие | св.
Открие малку, донекаде нешто што е покриено со покривач и сл. Собата беше топла и таа го пооткри детето.
пооткрши | св.
Открши малку, донекаде парче од нешто. Пооткрши од лебот и излезе да игра.
поотпетла | св.
Отпетла малку, донекаде. Си ја поотпетла кошулата околу вратот.
поотпие | св.
Отпие уште малку од нешто. Момчето поотпи од чашата.
поотплати | св.
Делумно отплати;
поотпрета | св.
Отпрета малку, донекаде. Го поотпрета жарот во огништето.
поотрезни | св.
Отрезни малку, донекаде некого. Јакото кафе го поотрезни.
поотсее | св.
Отсее малку или уште малку. Поотсеа уште малку брашно на масата и продолжи да меси.
поотстапи | св.
Отстапи, се помести малку, донекаде од местото.