параметар | м.
Големина, размер, елемент што ги карактеризира основните својства на предметите и појавите. Фигуративната одлика е значаен параметар на поетичноста.
парампарче | ср.
Ситно парче. Стаклото леташе во парампарчиња.
параноиден | прид.
Параноиден случај. параноидно прил. Се однесува параноидно.
параноик | м.
Тој што боледува од параноја, што има особини на параноја
параноичен | прид.
Што боледува од параноја. Параноичен човек.
параноја | ж.
Душевна болест при која болниот си замислува дека е прогонуван; манија на гонење.
парапет | м.
Ограда на балкон, на мост или на пат. Балкони украсени со едноставни парапети.
парапсихологија | ж.
Дејност што се занимава со непроучени психолошки и интелектуални појави што не може да се објаснат со методите на психологијата.
параса | св.
Остави, напушти, трати, занемари нешто, изгуби интерес за некого или нешто.
параспур | м.
(разг.) Тој што е нечесен, без углед; морално и материјално пропаднат човек. Тој е домаќин, а не параспур.