парастос | м.

Во православната црква ‒ богослужба за помен на мртвите; Парастос на гроб. Молитви и парастоси за мртвите.

паратакса | ж.

Поврзување на два синтаксички члена (збороформи, групи, реченици) чии значења остануваат во логички однос на елементи со иста вредност.

паратифус | м.

Вид заразна болест предизвикана од бактерии што доведуваат до септични појави.

параф | м.

Скратен потпис во административната практика. Стави параф.

парафин | м.

Бела материја од минерално потекло слична на пчелин восок, што може да се добие преку сува дестилација на нафта или други супстанции.

парафински | прид.

Што е направен од парафин. Парафинска свеќа.

парафира | св. и несв.

Стави, става параф; одобри, одобрува, потпише, потпишува нешто.

парафраза | ж.

(книж.) Прераскажување со свои зборови туѓ текст или говор.

парафразира | св. и несв.

Предаде, предава со свои зборови туѓ текст или говор.