паралелизам | м.

(мат.) Еднакво растојание, паралелен однос на линии и површини.

паралелка | ж.

Група ученици што заедно посетуваат училишна настава; одделение, клас. Учениците од гимназијата се распоредени во десет паралелки.

паралелограм | м.

Четириаголник чиишто две и две спротивни страни се паралелни и еднакви меѓу себе.

паралелопипед | м.

Геометриско тело ограничено со шест паралелограми, од кои спротивните се меѓусебно еднакви.

парализа | ж.

(мед.) Нарушување или отсуство на моторните функции на еден орган како последица од оштетување на нервниот систем од болест или од повреда. Парализа на десната рака.

парализира | св. и несв.

(мед.) Предизвика, предизвикува парализа.

паралитик | м.

Тој што е парализиран, што боледува од парализа

паралитичен | прид.

Што се однесува на парализа, што е предизвикан од парализа. Паралитички удар

параллија | м.

Тој што има многу пари, имот; богат.

Парамарибо | ср.

Главен град на Парагвај.