поотстрани | св.
Отстрани малку, донекаде нешто. Подоцна тие ги поотсраниле тешкотиите во работата.
пооттиши се | св.
Оттиши нешто малку или уште малку.
поотуѓи се | св.
Се отуѓи малку, донекаде од некого. Тој се поотуѓил малку од другарите.
поотцеди | св.
Отцеди малку, во помала мера. Поотцеди малку лимон во супата.
пооформи | св.
Оформи, обликува нешто во мала или во поголема мера. Остана да го пооформи текстот и да го даде за печатење.
поохрабри | св.
Охрабри малку, донекаде. Таа го поохрабри пред испитот.
пооцрни | св.
Направи да стане малку, донекаде поцрн. Ќумурот му ги пооцрни рацете.
пооцрта | св.
Оцрта малку или уште малку. Таа ги пооцрта очите со сина сенка.
поочовечи | св.
Очовечи некого малку, во некоја мера.
поп | прид.
Авангарден правец во културата, уметноста, модата и др. Поп-арт.