поп | м.
Православен свештеник. Попот влезе во олтарот, тури темјан во кадилницата.
попадиин | прид.
Што припаѓа на попадија. Попадииното девојче.
попадика 1 | ж.
попадика 2 | ж.
(бот.) Вид растение; Tanacetum parthenium.
попадиче 1 | ср.
попадиче 2 | ср.
попадија | ж.
Сопруга, жена на поп.
попадне | св.
(книж.) Се најде на некакво место, во некаква ситуација. Се чудеше како можело ковчежето да попадне во наши раце. Таа беше попаднала во некаков тивок очај.
попазари се | св.
Се пазари малку, кратко време.
попази | св.
а) Причува малку, кратко време. Таа мораше да ги попази децата во дворот. б) Внимава на нешто кратко време. Попази на млеково да не прекипе.