парајазик | м.

Елементи или фактори што им припомагаат на јазичните средства во општењето (обично интонацијата, акцентот, гестикулацијата и др.).

пардија | ж.

Неизделкана штица за ограда или за покрив.

пардон | м.

Признание. Еве, му давам пардон на првиот човек од селската задруга!

пардон! | изв.

Извинете! Простете! Пардон, да поминам!

пардонира | несв.

Каже, кажува пардон и помоли за нешто.

пареа | ж.

Гасовита состојба на течност што се добива при загревање; Водна пареа. Жешка пареа. Пареа од локомотива. Брод на пареа.

парен 1 | прид.

Што се однесува на пареа, во кој се образува пареа, што користи пареа. Парен котел. Парно греење. Парна локомотива. Парни машини.

парен 2 | прид.

Што е во пар, што е делив со два; Парни броеви.