поп-музика | ж.

Забавна музика со едноставна мелодија и силен ритам, особено популарна меѓу младите.

попобара | св.

Побара уште малку, некое време. Попобара уште малку во собата и го најде писмото.

попов | прид.

Што му припаѓа на поп. Попова куќа. Попова ќерка.

поповски | прид.

Што се однесува на поп. Поповска служба.

поповство | ср.

Поповска служба.

поповче | ср.

Попово дете.

попогледне | св.

Погледне уште малку, подобро. Попогледнаа уште малку наоколу, а потоа си заминаа дома.

поподвлече | св.

Подвлече, потцрта, истакне уште малку. Тој сакаше да го поподвлече значењето на неговото истражување.

поподреди | св.

Подреди во некоја мера, до определен степен. Го поподреди станот и седна да се одмори.