попочека | св.

Почека малку или уште малку. Тој ја попочека уште малку, но таа не дојде.

попочине (си - се) | св.

Се почине малку, некое време. Седна крај реката да си попочине.

попошти | св.

Пошти малку, некое време.

поправа | несв.

поправач | м.

Тој што поправа нешто. Поправач на велосипеди.

поправен | прид.

Што се однесува на поправање. Поправен дом. Поправен испит. Поправни мерки.

поправи 1 | св.

Отстрани дефект, неисправност на нешто; оспособи за употреба, работа. Тие ја поправија стреата на куќата. Мајсторот ја поправи машината за перење.

поправи 2 | св.

Прави, врши нешто малку, кратко време. Тој застана да поправи муабет со соседот.

поправка | ж.

Измена, дополнување на нешто заради отстранување на дефект, неисправност и сл. Во куќата беа потребни уште некои ситни поправки. Тој го однесе телевизорот на поправка.