пари 1 | несв.
Полева со врела вода, изложува на пареа. Старица ги пареше белите алишта. Пред гроздоберот винарите ги парат бочвите.
пари 2 | несв.
Лути, пече, жури.
пари | и.
Законско средство за плаќање во некоја земја; 3 а.
пари се | несв.
За животни ‒ се спои (за мажјак и женка) заради оплодување.
Париз | м.
Главен град на Франција.
паримејник | м.
Книга која содржи паримии. Григоровичев паримејник.
паримија | ж.
Текст, четиво од Стариот завет кое се чита за време на вечерната служба спроти поголеми празници.
парипка | ж.
Млада кобила.
парира | св. и несв.
(спорт.) Одбегне, одбегнува, спречи, спречува удар или напад со противнапад.
паритет | м.
Иста, еднаква, еквивалентна вредност.