поприврши | св.
Изврши, доведе скоро до крај некаква започната работа; Имаа малку време за да го попривршат тестот. Откако попривршија со јадењето, таа го донесе кафето.
попригаѓа | несв.
попригледа | св.
Води грижа за некого некое време, определен период; пригледа Таа го попригледа дури беше болен.
попригоди | св.
Пригоди, спреми малку, донекаде некого или нешто. Таа сакаше да им попригоди ручек на гостите.
поприготви | св.
Приготви, спреми малку, донекаде некого или нешто;
попридаде | св.
Придаде, додаде уште малку нешто како дополнување, дополни; придаде 1, 2. Ќе ми попридадеш ли некој динар? Тој попридаде уште еден играч во екипата.
попридржи | св.
Придржи малку, некое време. Тој му ја попридржи вратата за да може да ги внесе куферите.
поприкаже | св.
Прикаже, раскаже малку, кусо време. Старецот вечерта им поприкажа за своето детство.
поприкачи се | св.
Се качи малку повисоко, се поткачи малку; Старецот се поприкачи на височинката.
поприкладе | св.
Додаде уште малку, придодаде. Дедото поприкладе малку дрва во огнот.