попречи | св.

Спречи некого во намерите; стане пречка, оневозможи нешто да се изврши. Тој не ќе ги попречи нејзините деца да одат на училиште. Дождовите попречија да се собере од нивата житото. Сепак тој може да ни попречи и сите планови да ни се изјаловат.

попречисти | св.

Ослободи, исчисти малку, донекаде од ненужни примеси; пречисти Ѕидарот го попречисти песокот од камчиња. Откако го попречисти текстот од грешки, повторно го прочита.

попречка се | св.

Се пречка, се задева малку, некое време.

попржи | св.

Пржи уште малку, кратко време; Таа ги попржи уште малку рибите и ги стави во чинијата.

поприбере | св.

Присобере нешто што е расфрлано и го стави на место; прибере 1а. Таа ги поприбра расфрланите алишта.

поприближи | св.

Стави некого или нешто малку поблиску до друг, до друго. Таа ја поприближи масата до прозорецот.

попривикне | св.

Привикне, навикне малку себе или некого на нешто; Подоцна тој попривикна на новата средина. Му треба време да го попривикне да учи.

попривлече | св.

Приближи малку некого или нешто кон себе; привлече Таа го попривлече кон себе и силно го гушна.

поприврзе | св.

Приврзе малку, уште малку некого или нешто за нешто друго. Тој го поприврза коњот за дрвото.

поприврти се | св.

Се задржи негде некое време; . Тој се поприврти што се поприврти и закиниса надолу по патот.