поприкрепи | св.

Прикрепи, прицврсти малку, површно нешто; поприцврсти. Тој закова две шајки на вратата за да ја поприкрепи.

поприкрие | св.

Скрие нешто малку, донекаде од поглед; подзаскрие, прикрие Таа се заврти за да ги поприкрие солзите.

попримири | св.

Успокои, смири малку, во определена мера; примири 2. (ретко, книж.) Помири малку, донекаде; примири 2.

поприпушти | св.

Припушти, попушти малку, уште малку, донекаде. Тој чинеше подзатегни, па пак пушти, поприпушти.

поприсети се | св.

присети. На разделба тој се поприсети нешто и се поврати.

попристегне | св.

Пристегне, затегне уште малку, во доволна мера. Тој го попристегна вентилот на цевката.

попритегне | св.

Притегне, пристегне уште малку, малку посилно. Тој ги попритегна малку дизгините. Момчето ги поправи врвките и ги попритегна.