попритивне | св.
Притивне малку, донекаде. Вревата попритивна.
попритисне | св.
Притисне малку посилно. Мораше да го попритисне копчето за да проработи машината.
попритури | св.
Притури, налее малку течност и сл., од еден во друг сад; притури Попритури уште вода во тенџерето.
поприцврсти | св.
Прицврсти уште малку.
попричека | св.
Причека малку, уште малку. Таа го попричека неколку минути и си замина.
поприште | ср.
Место на дејствување, поле за некаква дејност. Стапувајќи на литературно поприште, Рацин се свртува кон народната поезија. Воено поприште. Бојно поприште.
попркоси | св.
Пркоси малку, некое време.
попробере | св.
Пробере малку. Ги попробра поубавите јагоди за слатко.
попрободе | св.
Почувствува некој, се појави некому малку остра болка. Нешто ме попрободе во градиве.
попробуди се | св.
Се разбуди малку, донекаде; пробуди.