попроветри | св.

Проветри малку, донекаде просторија и сл.; проветри Излези да ја попроветрам собава.

попрогледа | св.

Прогледа малку, донекаде; прогледа 1б. Ги премачка очите со маст и попрогледа.

попроговори | св.

Почне да кажува по нешто, проговори по малку. Вечерта тој му попроговори за работата, но не му кажа сѐ.

попродава | св.

Помине некое време во продавање.

попродолжи | св.

Потрае малку подолго од предвиденото време; одолжи. Состанокот ќе попродолжи.

попроретчи | св.

Направи да биде нешто малку поретко; проретчи малку. Ги потсече гранките и ги проретчи.

попроси 1 | св.

Проси малку, некое време. Попроси пред вратата и си замина.

попроси 2 | св.

Побара за жена; запроси.