попротегне | св.
Испружи, оптегне малку раце, нозе; Седна и ги попротегна нозете.
попротиви се | св.
Се противи малку, некое време. Отпрвин се попротиви малку, но сепак се согласи.
попроучи | св.
Проучи нешто уште малку. Го попроучи прашањето и донесе решение.
попрочисти | св.
Прочисти уште малку. Дождот го попрочисти воздухот.
попрочита | св.
Прочита малку, делумно нешто. Го попрочита весникот и заспа.
попрошета | св.
Прошета некого малку, некое време. Таа го попрошета детето во паркот.
попрошири | св.
Направи нешто да стане малку пошироко. Тој го попрошири станот.
попроѕева се | несв.
Се проѕева малку, кратко време. Седи на часот и се попроѕева од досада.
попројасни се | св.
Стане малку појасен, се разјасни; пројасни се.
попрпа | св.
За птица – прпа малку, некое време со крилјата.