паритетен | прид.
Што се засновува на паритет. Паритетна цена.
парица | ж.
париче | ср.
Дем. од пара2 2. (бот.) Едногодишно растение со крупен бел цвет; Bellis perennis.
паричен | прид.
Што е во некој однос со пари, што е заснован врз пари. Парична казна. Парична пратка. Паричен систем.
паричка | ж.
Дем. од пара2 Паричка за Бадник. Сребрени парички.
паричник | м.
Чантичка со прегради во која се носат пари; ќесе, чанте.
парија | ж.
(истор.) Лице што не припаѓа на ниедна каста во Индија.
парк | м.
Омеѓено или оградено, пошумено земјиште во град или надвор од град, уредено со дрвореди, патеки, декоративни растенија итн., наменето за одмор и рекреација. Градски парк.
паркет | м.
Посебно обработени, мазни штички што служат за обложување на под. Дабов паркет.
паркетар | м.
Тој што произведува паркет.