поразболи се | св.
Се разболи малку или малку повеќе.
поразбранува | св.
Разбранува малку, до определен степен. Ветрот го поразбранува езерото.
поразбрка | св.
Разбрка, растера многумина, сите. Дождот ги поразбрка децата од улицата.
поразбуди | св.
Разбуди малку повеќе. Ме поразбуди гласот на мајка.
поразбуричка | св.
Разбуричка малку, во некоја мера. Поразбуричка со раката за да види каква е водата.
поразбута | св.
Разбута, растера малку, донекаде. Тој мораше да ги поразбута луѓето за да дојде до неа.
поразбушави | св.
За човек, коса – направи да стане бушав; разбушави малку или уште повеќе. Ветрот му ја поразбушави косата.
поразведри | св.
За време, небо – направи да стане малку поведро, појасно. Ветрот ги растера облаците и го поразведри небото.
поразвее | св.
Развее, со веење разнесе нешто на сите страни; разнесе малку. Ветрот го поразвеа снегот.
поразвесели | св.
Направи некој да стане весел, развесели малку, во мала мера. Кажуваше шеги за да го поразвесели.