поразвидели се | св.

Се развидели малку, уште малку, осамне. Почекаа уште малку да се поразвидели.

поразвие | св.

Развитка малку нешто свиено, завиено; расповие малку, донекаде. Тој малку го поразви пакетот, колку да види што има. Жената го поразви детето.

поразвика се | св.

Се развика малку, некое време. Таа им се поразвика на децата.

поразвитка | св.

Развитка малку нешто свиено, завиено; расповие малку, до некој степен. Таа го поразвитка подарокот.

поразвлече | св.

Развлече малку, во некоја мера. Бабата ја поразвлече преѓата.

поразводни | св.

Со налевање течност (вода и сл.) направи нешто да изгуби од својата густина, да стане малку поретко; поразблажи, поразреди. Тој дотури вода и го поразводни виното.

поразврзе | св.

Разврзе малку, во мала мера. Таа го поразврза пакетот.

поразврти | св.

Разврти, одврти малку, олабави нешто во некој степен. Мајсторот го поразврти винтот.

поразгази | св.

Разгази, изгази, истапка малку, донекаде. Децата го поразгазија снегот на патеката.