паркетен | прид.
Што се однесува на паркет, што е наменет за паркет. Паркетен под. Паркетна маст.
паркетира | св. и несв.
Постави, поставува паркет.
паркинг | м.
паркинг-плац | м.
Обележан или заграден простор за паркирање возила.
паркира | св. и несв.
Остава, остави возило на паркиралиште, во гаража и сл.
паркиралиште | ср.
Простор уреден за паркирање повеќе возила. Паркиралиште на автомобили. Автобуско паркиралиште. Аеродромско паркиралиште.
парламент | м.
Во уставните држави, највисоко законодавно тело составено од претставници избрани од граѓаните врз основа на општото избирачко право; собрание.
парламентар | м.
Лице што е ополномоштено од една војувачка страна да стапи во преговори со непријателот.
парламентарен | прид.
Што се однесува на парламент, што е заснован врз парламентаризам. Парламентарна комисија. Парламентарно мнозинство. Парламентарна монархија.
парламентарец | м.
Член на парламент, пратеник.