пораздроби | св.

Раздроби нешто малку, во некоја мера. Брановите ја пораздробија карпата.

пораздува | св.

Раздува нешто малку, во некоја мера. Ветрот ги пораздува облаците.

поразен 1 | прид.

Што се однесува на пораз. Екипата беше поразена на домашен терен.

поразен 2 | прид.

Што значи, што претставува пораз; многу лош. Поразни резултати. Поразни последици. Поразна критика.

поразеник | м.

Тој што претрпел пораз, неуспех.

пораззелени (се) | св.

Се раззелени малку, во некоја мера. Пролет е и дрвото во дворот пораззелени.

порази | св.

Нанесе пораз во борба, во натпревар. Тие го поразија непријателот. Тие го поразија противничкиот тим со голема разлика во резултатот.

поразигра | св.

Разигра малку, во некоја мера. Тој го поразигра коњот.

поразителен | прид.

Поразителни резултати.

поразија | ж.

(разг.) Несреќа, катастрофа.