поразгори | св.

Разгори, распали малку, во некој степен. Тој го поразгори огништето.

поразгради 1 | св.

Разгради, симне, отстрани помал дел од ограда. Тој го поразгради дворот.

поразгради 2 | св.

Открие, подослободи од облека дел од телото; поразголи малку или уште малку. Тој си ја поразгради кошулата.

поразграни | св.

(само во 3 л.) Разграни во мала мера, во некој степен. Летото дрвото во дворот поразграни.

поразгрне | св.

Разгрне, открие, растури малку нешто што е собрано во куп (жар, пепел и сл.). Таа го поразгрна жарот во огништето.

пораздвижи | св.

Раздвижи нешто малку, донекаде или уште малку. Стана да ги пораздвижи нозете.

пораздвои | св.

Раздвои, раздели, оддели малку еден од друг. Наставникот ги пораздвои во два групи.

пораздели | св.

Раздели, подели нешто во некоја мера, во некој степен. Тренерот ги пораздели играчите во групи.

пораздени се | св.

Се раздени малку повеќе, се поразвидели. Штом ќе се пораздени, ќе станеме.

пораздразни | св.

Раздразни, разлути, разгневи некого малку. Иако знаеше дека ќе го пораздразни, сепак му кажа за средбата.