пораскрвави | св.

Раскрвави, разрани малку, во некоја мера. Падна и си го пораскрвави коленото.

пораскрие | св.

Открие малку, донекаде нешто скриено. Тој сакаше да им ја пораскрие тајната.

пораскрши | св.

Раскрши, искрши нешто малку, во некоја мера или уште малку. Го пораскрши лебот и седнаа да јадат. Пораскрши од гранките за да го потпалам огнот.

пораснат | прид.

Што е висок по раст, што е издолжен. Летото тој му се виде многу пораснат, извишен.

порасне | св.

Стане голем, висок по раст. Тој порасна, извиши и стана голем колку една топола.

порасони се | св.

Се расони малку, донекаде или уште малку. Откако се порасони, фати да се облекува.

пораспади | св.

Распади многумина, сите (до еден). Таа ги пораспади децата од дворот.

пораспали | св.

Распали, разгори нешто малку, во некој степен. Тој го пораспали огнот во печката.

пораспара | св.

Распара, рашие малку или уште малку нешто што е сошиено или сплетено. Ракавот му се пораспара под пазувите.

пораспетла | св.

Распетла некого или нешто малку, донекаде. Тој си го пораспетла палтото и седна.