пораспита | св.

Направи распит, сослуша сведоци.

порасплаче | св.

Направи некој да почне да плаче; расплаче. Викањето ќе го порасплаче детето.

порасплете | св.

Расплете малку, донекаде нешто плетено. Бабата го порасплела чорапот.

порасположи се | св.

Се расположи малку, во некоја мера. Вечерта тој се порасположи и не беше толку натажен.

порасправи | св.

Расправи, разјасни нешто донекаде, во некој степен. На состанокот го порасправивме тоа прашање.

пораспраша (се) | св.

Се) распраша малку или уште малку. Тој вети дека ќе се пораспраша за момчето и ќе му јави.

пораспрета | св.

Распрета, разгрне малку или уште малку. Пораспретај го огнот, подобро ќе гори.

порасприкаже се | св.

Се расприкаже во некоја мера. Кога ја сретна, таа се порасприкажа за него.

пораспрсне | св.

Распрсне, растури малку, донекаде.

пораспука (се) | св.

Се распука, се расцепи малку, донекаде. Палтото му се пораспука под пазувите.