пораспушти | св.
Распушти, разлабави малку, донекаде. Таа си ја пораспушти косата на ветрот.
порасрди | св.
Расрди, налути малку, донекаде. Лошата критика го порасрди.
пораст | м.
Растење, наголемување по висина, број, количество, вредност и сл. Пораст на водостојот. Пораст на населението. Пораст на цените.
порастажи | св.
Растажи малку, донекаде. Неговите зборови ја порастажија.
пораствори 1 | св.
Раствори, направи раствор, растопи, разблажи малку, донекаде. Таа го пораствори шеќерот во водата. Сокот го пораствори со вода.
пораствори 2 | св.
Раствори, отвори уште повеќе, сосем нешто затворено, свиено. Таа ги пораствори прозорците за да се проветрее собата.
порасте | св.
порастега | несв.
порастегне | св.
Растегне малку, во некој степен. Тој ја порастегна жицата на гитарата.
порастен | прид.