порастера | св.
Растера, разбрка многумина, сите. Таа ги порастера децата од дворот.
порастовари | св.
Растовари малку, донекаде. Селанецот го порастоварил магарето.
порастопи | св.
Растопи малку, донекаде или уште малку. Сонцето го порастопи снегот.
порастреби | св.
Растреби, расчисти малку, донекаде. Тие го порастребија гравот.
порастревожи | св.
Растревожи, вознемири, малку, донекаде. Средбата со нив го порастревожи.
порастрезни | св.
Растрезни некого малку, донекаде. Ладната вода го порастрезни.
порастрепери се | св.
Се растрепери, се рестрепети малку. Неговото срце се порастрепери од возбуда.
порастресе | св.
Растресе, раздвижи, размрда малку, донекаде. Заигра, порастресе снага.
порастрие | св.
Растрие малку, донекаде. Стана и си ги порастри очите.
порастрча се | св.
Се растрча малку, донекаде. Таа ги пушти во паркот да се порастрчаат. Тој мораше да се порастрча по шалтери за да заврши работа.