порастури | св.
Растури, расфрли на повеќе места, насекаде. Децата ги порастурија играчките.
порасфрли | св.
Расфрли, растури на повеќе места, насекаде. Алиштата ги беше порасфрлил на сите страни.
порасцвета се | св.
порасцепи | св.
Расцепи нешто малку, донекаде. Замавна со секирата и го порасцепи дрвото.
порасцути се | св.
Се расцути малку, донекаде или уште малку. Дрвјата се порасцутеа.
порасчекори се | св.
Се расчекори малку или уште малку.
порасчепка | св.
Расчепка, раскопа малку, донекаде. Кокошките го порасчепкаа буништето.
порасчеша | св.
Расчеша, разрани малку или уште малку, донекаде. Тој си ја порасчеша раната.
порасчешла | св.
Расчешла малку или уште малку, донекаде. Таа си ја порасчешла косата. Бабата ја порасчешла волната.
порасчисти | св.
Расчисти, очисти нешто малку, донекаде. Таа ја порасчисти куќата.