парламентаризам | м.
Демократско државно уредување во кое владата е извршна власт и одговорна пред парламентот како законодавна власт.
парлив | прид.
Лут, остар.
пармак | м.
Дебело парче дрво од ограда на скали, балкон, чардак и сл.
пармаклак | м.
Ограда од пармаци.
пармезан | м.
Вид тврдо, суво сирење што најчесто се користи изрендано.
парнар | и.
Вид црно грозје.
парне | св.
парник | м.
Тој што е во пар со некого. Во стројот отсуствуваше парникот на последниот ред.
парница | ж.
Судска постапка за разрешување на одредено прашање. Бракоразводна парница. Граѓански парници.
парничен | прид.
Што се однесува на парница. Парнична постапка.