поречканица | ж.
Расправија, кавга.
поречје | ср.
Област, земја по долината на река; речна долина. По поречјето на Вардар дува вардарец.
пори | несв.
Цепи земја, воздух, небо. Небото го пореа молњи.
пориби | св.
Пушти рибен подмладок во река, езеро, рибник и сл. за да се збогатат со риби. Тие го порибија езерото.
порив | м.
а) Силна желба, стремеж да се направи, да се изврши нешто; воодушевување, елан. Во него имаше надеж и човечки незапирлив порив кон иднината. Музиката будеше во него младешки пориви. Творечки порив. Уметнички порив. б) Силно изразување на некакво чувство, расположение и сл. Тој бил преполн со чист порив на љубов. Емоционален порив.
пориза | св.
поризлив | прид.
порине | св.
Рине, чисти малку, некое време (снег, земја и сл.) со лопата.
порипа | св.
порнографија | ж.
(само едн.) Бесрамно опишување, прикажување на сексуални односи во литература, во списанија, на филм.